![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/35/%25D0%2592%25D0%25B0%25D0%25BA%25D1%2586%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B0_%25D0%25A1%25D0%25BF%25D1%2583%25D1%2582%25D0%25BD%25D0%25B8%25D0%25BA_V.jpg/640px-%25D0%2592%25D0%25B0%25D0%25BA%25D1%2586%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B0_%25D0%25A1%25D0%25BF%25D1%2583%25D1%2582%25D0%25BD%25D0%25B8%25D0%25BA_V.jpg&w=640&q=50)
Спутник V
From Wikipedia, the free encyclopedia
Спутник V (руски: Спутник V) — вакцина против КОВИД-19 развиена од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“. Била регистрирана на 11 август 2020 година од Руското министерство за здравство како Гам-КОВИД-Вак (руски: Гам-КОВИД-Вак),[2][3] Спутник V е аденовирусна векторска вакцина.
![]() Вијали од Гам-КОВИД-Вак | |
Опис на вакцината | |
---|---|
Целна болест | SARS-CoV-2 |
Вид | ? |
Клинички податоци | |
Заштитени имиња |
|
Начин на издавање |
|
Начин на примена | Intramuscular |
Назнака | |
ATC код | Нема |
DrugBank | DB15848 |
Гам-КОВИД-Вак била првично одобрена во Русија врз основа на прелиминарните резултати од клиничките студии од фаза I–II кои биле објавени на 4 септември 2020.[4] Брзото одобрување во почетокот на август наишло на критики во масовните медиуми и предизвикако дискусии во научната заедница дали одлуката за одобрување била оправдана во отсуство на робустни научни истражувања кои ја потврдуваат безбедноста и ефикасноста на вакцината.[2][3][5][6][7] На 2 февруари 2021, била објавена анализа од клиничките испитувања во научното списание The Lancet, која покажала ефикасност од 91,6 % без невообичаени несакани ефекти.[8]
Итна масовна дистрибуција на вакцината започнала во декември 2020 во повеќе земји, вклучувајќи ги Русија, Аргентина, Белорусија, Унгарија, Србија и ОАЕ. Почнувајќи од март 2021, четириесет и пет земји дале одобрение за употреба на Спутник V[9] додека над милијарда дози на вакцини биле нарачани за итна дистрибуција на глобално ниво.[10]