Список на француски кралеви
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на кралеви на Франција, распоредени по хронолошки редослед, од соодветните династии. Француските монарси владееле од воспоставувањето на Франкија во 486 па сè до 1870. Во текот на поголемиот дел од својата историја, Франција била под власт на кралевите. Сепак, четворица каролиншки монарси биле исто така и цареви на Светото Римско Царство а династијата Бонапарти биле цареви.
Монархија на Франција | |
---|---|
Поранешна монархија | |
Грб на Франција | |
Прв владетел | Хлодовик I (како крал на Франките) |
Последен владетел | Наполеон III (како цар) |
Звање | see Style of the French sovereign |
Прогласил | Hereditary |
Монархијата започнала | 428 |
Монархијата завршила | 24 февруари 1848 (Кралска монархија) 4 септември 1870 (Империска монархија) |
Сегашни претенденти | Оспоруван Принц Луј (Бурбони) Принц Анри (Династија Орлеан) Жан Кристоф (Бонапарт) |
Во оваа статија се содржат сите владетели кои ја имале титулата „Крал на Франките“, „Крал на Франција“, „Крал на Французите“ или „Цар на Французите“. За другите франкиски монарси, види Список на франкиски кралеви.
Како дополнување на туканаведените монарси, Кралевите на Англија и Британија од 1340–1360 и 1369–1801 исто така ја барале титулата Крал на Франција. Кусо време, тоа барање имало основа in fact — под условите на Троанскиот договор од 1420, кога Шарл VI го признал својот зет Хенри V од Англија за регент и наследник. Хенри V починал пред Шарл VI па така синот на Хенри V, Хенри VI од Англија, го наследил својот дедо Шарл VI како Крал на Франција. Поголемиот дел на северна Франција бил под британска контрола сè до 1435, но околу 1453, Англичаните биле истерани од цела Франција освен од Кале (и Каналските Острови), а Кале го изгубиле во 1558. Сепак, англиските а потоа и британските монарси продолжиле да ја бараат титулата сè до создавањето на Обединетото Кралство во 1801. Титулата "Крал на Франките" (латински: Rex Francorum) останала во употреба сè до владеењето на Филип II. Во тек на кусиот период кога Уставот од 1791 бил на сила (1791–1792) и после Јулската револуција во 1830, стилот "Крал на Французите" се користел наместо "Крал на Франција (и Навара)". Тоа била уставна иновација позната како народна монархија која титулата на монарх повеќе ја поврзувала со Французите отколку со територијата на Франција.