Список на земји без политички партии
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на држави и зависни територии со постојано настеление во кои не постојат политички партии. Некои имаат групи спротивставени на власта кои работат потајно.
Бахреин — политичките партии се забранети, но политичките здруженија се дозволени. Медиумите овие здруженија претежно ги нарекуваат партии.
Божиќен Остров
Ватикан
Гернзи
Катар — политичките партии се забранети.
Кокосови Острови
Кувајт — законот не признава политички партии, но допушта политичли блокови. Медиумите овие здруженија претежно ги нарекуваат партии.
СД Микронезија
Остров Норфолк
ОАР — политичките партии се забранети.
Оман — политичките партии се забранети.
Пакистан — политичките партии се забранети во Сојузно-управуваните племенски територии.
Палау
Питкерн
Саудиска Арабија — политичките партии се забранети.[1][2]
Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња
Токелау
Тувалу
Фолкландски Острови