Список на градови во Шпанија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралството Шпанија спаѓа во најголемите и најбројните држави во Европа, па и шпанските градови се важни за континентот. Така, главниот град на Шпанија, Мадрид според бројот на жители на потесното подрачје е трет во целата Европска унија (после Лондон и Берлин, а пред Рим и Париз), додека Барселона според некои показатели е најголем град во Европската унија без статус на главен град.
Шпанија ја карактеризира и висок степен на урбанизација, посебно во подрачјата на поголемите градови (Мадрид, Барселона), додека пространите подрачја, посебно во внатрешноста (средишната и многу сушна висорамнина Мезета), е скоро празна и без значајни градови.