![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg/langmk-640px-Standard_Model_of_Elementary_Particles_mk.svg.png&w=640&q=50)
Слабо заемодејство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Слабо заемодејство — механизам одговорен за слабата сила или слабата јадрена сила, едно од четирите основни заемнодејства во природата, заедно со силното заемодејство, електромагнетизмот и гравитацијата. Слабото заемодејство е одговорно за радиоактивниот распад и јадреното цепење на субатомските честички. Теоријата на слабото заемодејство понекогаш се нарекува квантна вкусодинамика, како што се поимите квантна хромодинамика и квантна електродинамика, но во практика овој поим многу ретко се користи бидејќи слабото заемодејство е најдобро објаснето преку електрослабата теорија.[1]
Кај стандардниот модел од физиката на честичките, слабото заемодејство е предизвикано од оддавањето или впивањето на W и Z бозони. Сите познати фермиони заемодејствуваат преку слабото заемодејство. Фермионите се честички кои поседуваат спин, едно од основните својства на сите честички, со половина број. Фермионот може да биде елементарна честичка, како што е електронот, или пак може да биде сложена честичка, како што е протонот. Масата на W+, W−, и Z-бозоните е многу поголема од онаа на протоните и неутроните, предизвикувајќи го слабото замодејство кое има вијание на куси растојанија. Силата се именува како слаба бидејќи нејзиното поле на сила на дадено растојание е вообичаено неколку големини помало од она на силното заемодејство и електромагнетизмот.
За време на кварковата епоха, електрослабата сила се поделила на електромагнетни и слаби сили. Повеќето фермиони ќе се распаднат преку слабо заемодејство со текот на времето. Значајни примери се бета-распадот, и создавањето на деутериум од кој подоцна се добива хелиум од водородот начинот на кој се одвиваат јадрените процеси во Сонцето. Ваквиот распад го овозможува радиојаглеродното датирање, познато преку тоа што јаглерод-14 се распаѓа преку слабото заемодејство во азот-14. Може да создаде и радиолуминисценција, и се користи кај тритиумското осветлување, и поврзаното поле на бетаволтаиците.[2]
Кварковите, кои се составни делови на честичките како што се неутроните и протоните, кои ги има со шест „вкусови“ – горен, долен, чуден, волшебен, врвен и длабински – од кои овие честички ги добиваат своите својства. Слабото заемодејство е единствено на начинот на кои кварковите го менуваат нивниот вкус. На пример,бета минус распадот, долен кварк се распаѓа во горен кварк, со што неутронот се претвора во протон. Во продолжение, слабото заемодејство е единственото основно заемодејство кое го прекршува парност-симетријата, и на ист начин ја прекршува и CP-симетријата.