Скумско или Сконско (грчки: Βράχος, Врахос; до 1926 г. Σκούμτσικον, Скумцикон[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 25 жители (2021).

Кратки факти Скумско Βράχος, Земја ...
Скумско
Βράχος
Thumb
Скумско
Скумско
Местоположба во областа
Thumb
Скумско
Местоположба на Скумско во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°21.9′N 21°5.24′E
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&100000000000010400000001.040 м
Население (2021)[1]
  Вкупно25
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Затвори

Географија

Селото се наоѓа 25 км југозападно од општинското седиште Рупишта. Лежи во областа Костенарија, во северните пазуви на планината Одре, која пак е продолжеток на Грамошта.[3] На 1 км источно од селото во 2010 г. е изградено вештачкото Скумско Езеро со цел да се подобри водоснабдувањето и наводнувањето.

Историја

Во Отоманското Царство

Во минатото, Скумско било македонско село. Кон крајот на XIX век ова било село во село во Костурската каза населено од Грци Качауни. Во црквата „Успение на пресв. Богородица“ во селото се зачувани икони од византиско време.[4] Според грчки извори, во 1905 г. Скумбцико имало 200 жители Грци.[5]

Во мај 1905 г. во Скумско настапила грчка чета и заробила и погубила 43 македонски печалбари на пат за Грција, меѓу кои осуммина жупанчани. Од нив преживеале само Зисо Потев и Томо Ч. Чачов од Жупаништа и Станко од Габреш.[6]

/На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Скамско се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 13 куќи.[7]

Според Георги Константинов Бистрицки Скумско пред Првата балканска војна се состоело од 25 грчки куќи,[8] а според Георги Христов и 1 влашка.[9]

Потпаѓање под Грција

За време на Првата балканска војна селото било окупирано од грчка војска, а по Втората било припоено кон Грција. Во 1913 г. во Скумско се попишани 150, а во 1920 г. — 169 жители.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Врахос.

Население

Во 1928 г. Скумско бележело пораст, кога е заведен 231 жител, за во 1940 г. да дојде до 285 жители.[3] Поради Грчката граѓанска војна населението во 1951 г. се смалило на 200 жители. Во 1961 г. во Скумско живееле 156 лица, а во 1971 г. населението опаднало на 74 жители. Ситуацијата се подобрила во следното десетлетија, при што во 1981 г. се попишани 136, а во 1991 г. — 150.[3] Сепак, во 2001 г. населението броело 67 лица, а во 2011 г. — само 33.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 285 200 156 74 136 150 67 33 25
Затвори
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото е планинско и сиромашно. Неговото население оди на печалба во други делови на Грција или во прекуокеанските земји.

Поврзано

Литература

  • Γιώσσης, Χρυσόστομος. Ο Βράχος και τα Όντρια: λαογραφικά, – Αθήνα, 1998.

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.