From Wikipedia, the free encyclopedia
Терминот Сестринска република (француски: république sœur) се однесува на марионетските држави (со републиканаско уредување) основани во Средна Европа и на Апенинскиот Полуостров од страна на француските војски или од месни револуционери претежно во периодот меѓу 1797 и 1799 година. Тие биле поддржувани од Првата Француска Република за време на Француските револуционерни војни. Овие републики, иако официјално независни, за своја заштита во голема мера се потпирале на Франција, и повеќе сличеле на автономни територии отколку на независни држави. По прогласувањето на Француското Царство неколку од овие држави биле анектирани од Франција, а останатите биле претворени во монархии управувани од членовите на семејството Бонапарт.
Француската револуција бил период на општествени и политички пресврти во Франција од 1789 до 1799 година. Републиканците кои ја собориле монархијата биле водени од идеалите за народен суверенитет, владеење на правото и претставничка демократија. Републиканците усвоиле идеи и вредности од филозофиите на вигизмот и на просветителството. Француската Република го поддржала ширењето на републиканските принципи низ Европа, но повеќето од овие сестрински републики станале средство за контрола на окупираните земји како клиентски режими.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.