From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А, поради спонзорски договори позната и како Серија А ТИМ, е професионално лигашко натпреварување за фудбалските клубови, кој се наоѓаат во врвот на италијанскиот фудбалски лигашки систем, стар осумдесет години (се игра од 1929 година). Натпреварувањето било организирано од страна на Lega Calcio до 2010 година, а од сезоната 2010-2011 организацијата ја презела Legga Serie A.
Земја | Италија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1898 неслужбено 1929 во моменталниот формат |
Број на клубови | 20 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Серија Б (втора лига) |
Домашен куп | Куп на Италија |
Тековен првак | Јувентус (35-та титула) (2018–19) |
Најмногу титули | Јувентус (35) |
ТВ партнери | SKY Italia |
Мрежно место | legaseriea.it |
Трофеј | |
Серија А 2018-2019 |
Серија А се смета за една од најелитните лиги во светскиот фудбал. Историски гледано, од оваа лига доаѓаат најголемиот број на финалисти во Европскиот куп. Италијанските клубови имаат освоено вкупно 48 трофеи во разни натпреварувања организирани од УЕФА и по тоа се водечки во Европа. Милан со 17 титули е најуспешен од сите клубови, а Јувентус е на третото место на таа листа со 11 пехари. Исто така Јувентус е и досега единствениот клуб кој успеал да ги освои сите трофеи во организација на УЕФА и ФИФА, и е прогласен за втор најуспешен клуб за 20 век во Европа.
Од страна на УЕФА, Серија А е рангирана како четврта по квалитет меѓу европските фудбалски лиги, врз основа на настапите на нејзините клубови во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. И по најновата список на IFFHS[1] Серија А е на четврто место.
Серија А е единствената лига во рамките на Г-14 (здружение на најелитните клубови на светот), која имала три претставници; Јувентус, Милан и Интер. Исто така, таа е лигата која дала најмногу добитници на Златната топка.
Најуспешен клуб е актуелниот шампион Јувентус, кој има освоено 34 титули Првак на Италија (Прима Категорија, Прима Дивизионе и Серија А).
Низ историјата, лигата сменила многу формати на натпреварување, а најчесто се играл лигашки систем со 16 или 18 клубови. Од сезоната 2004-2005 во Серија А се натпреваруваат 20 клубови.
По периоди тоа изгледало овака:
За време на сезоната, која трае од август до мај, секој клуб игра со преостанатите 19 клуба по двапати, еднаш на домашен терен и еднаш на гости, што вкупно прави 38 кола. Првиот, есенскиот дел од сезоната во Италија е познат како andata и содржи 19 кола. Во вториот, пролетен дел од сезоната, кој во Италија се нарекува ritorno, секој клуб ги игра својте натпревари по потполно истиот редослед како во првиот дел од сезоната, меѓутоа на екипите на кој им гостувал во првиот, во вториот дел од сезоната игра на домашен терен, и обратно. Од 1994 година, за победа на екипите им се доделува 3 бода, 1 бод за реми, додека поразот не се бодува.
Италијанската лига е моментално втора во Европа по успешност, па така првите четири екипи од Серија А на крајот од секоја сезона директно се пласираат во Лигата на шампионите. Во Лига Европа се пласираат петто и шесто пласираниот тим во лигата, како и победникот во Купот на Италија, а во случај да освајувачот на купот веќе обезбедил место во некое од европските натпреварувања според пласманот во лигата, во Лига Европа ќе игра финалистот на купот. Меѓутоа ако и вториот финалист има обезбедено место во европските натпреварувања, тогаш седмопласираниот тим во лигата добива шанса да заигра во Лига Европа. Трите најслабо пласирани екипи во лигата, испаѓаат и следната сезона се натпреваруваат во понизок ранг, односно во Серија Б.
До сезоната 2005-2006, во случај кога два клуба се наоѓаат на граница меѓу опстанок и испаѓање, а притоа имаат ист број на бодови, биле одлучувани со дополнителен двомеч. Меѓутоа од 2006 па наваму во оваквите случаи, пресуден фактор за пласман е односот во меѓусебните натпревари, а доколку екипите се изедначени во тоа, се гледа гол-разликата:
Натпреварувањето Серија А во составот кој денес го знаеме започнало во 1929 година. Во периодот од 1898 до 1922 година натпреварувањето било организирано во регионални групи. Поради наглото развивање на клубовите, Фудбалскиот сојуз ја поделил италијанската фудбалска федерација 1921 години. Кога клубовите од федерацијата повторно се здружиле со сојузот формирани се две меѓурегионални дивизии во две северно-јужни лиги. Во 1926 година заради интерни италинаскиот фудбалски сојуз го променил составот на натпреварување и им овозможил на клубовите од Италија влез во Дивизионе Национале што и довело до формирање на Серија А каква ја познаваме денес во 1929 година.
Во првата сезона на денешната Серија А учествувале 18 клуба, кој се сметаат за основачи: Алесандрија, Амброзијана (денешен Интер), Болоња, Бреша, Кремонезе, Џенова, Јувентус, Лацио, Ливорно, Милан, Модена, Наполи, Падова, Про Патрија, Про Верчели, Рома, Торино и Триестина. Титулата ја освоила екипата на Амброзијана.
Во 1927 година не бил доделен трофеј за победникот поради тоа што на Торино - поради скандал со наместени натпревари - му е одземена титулата. Торино станал првак во сезоната 1948-1949, меѓутоа тоа било нарушено со смрт на речиси целата тогашна екипа која загинала во авионска несреќа пред крајот на сезоната.
На 30 април 2009 година Серија А службено го најавила своето отцепување од Серија Б. Деветнаесет од дваесет клубови гласале за отцепување после конфликтот во врска со телевизиските права. Единственииот клуб кој гласал против бил Лече кој и така бил пред испаѓање во Серија Б. Маурицио Берета станал претседател на новата лига.[2][3][4][5]
Екипата која ќе освои титулата во Серија А и ќе стане шампионот на Италија, има право во следната сезона на својот дрес да стави значка која се нарекува скудето (симболизира титулата во претходниот турнир). Споменатата значка ги содржи боите на националното знаме и има форма на штит: нејзиното воведување се случило во сезоната 1924-1925, кога била носена на дресот на Џенова. Најуспешен клуб до денес во Серија А е Јувентус со севкупно 30 освоени скудета, а по него следат Интер (18), Милан (18) и Џенова (9). Во сезоната 1960-1961 шампионот, исто така, бил награден со пехарот Coppa Campioni d'Italia, официјалниот трофеј на Серија А.
Во 1958, по замисла на Умберто Ањели, било одлучено да се додели и специјална ѕвезда за клубови кои ја достигнале бројката од десет титули во највисоката италијанска лига. Овој симбол е составен од златна ѕвезда со 5 крака, и исто така се наоѓа на дресот на екипите обично придружена со клупскиот амблем. Јувентус, со освојувањето на неговата десетта титула во сезоната 1957-1958, бил првиот италијански и европски тим[6] кој добил право да стави на дресот оваква ѕвезда, а потоа во подоцнежните децении му се приклучуваат и Интер и Милан; Со освојувањето на дваесеттата и триесеттата титула Јувентус, стекнува право да ги додаде и својата втора и трета ѕвезда на дресот.
Клубови кој моментално имаат ѕвезда на дресот:
Вкупно 67 тимови учествувале во досегашните 87 сезони на Серија А почнувајќи од сезоната 1929-1930 до сезоната 2015-2016 сезона. Екипите со задебелени букви се натпреваруваат во Серија А и во моментов. Интер е единствениот тим кој играл ги одиграл сите сезони на Серија А.
|
|
|
|
|
Клуб | Шампион | Вицешампион | Сезона |
---|---|---|---|
1905, 1925-26, 1930-31, 1931-32, 1932-33, 1933-34, 1934-35, 1949-50, 1951-52, 1957-58, 1959-60, 1960-61, 1966-67, 1971-72, 1972-73, 1974-75, 1976-77, 1977-78, 1980-81, 1981-82, 1983-84, 1985-86, 1994-95, 1996-97, 1997-98, 2001-02, 2002-03, 2011-12, 2012-13, 2013-14, 2014-15, 2015-16, 2016-17, 2017-18, 2018-19, 2019-20 | |||
1909-10, 1919-20, 1929-30, 1937-38, 1939-40, 1952-53, 1953-54, 1962-63, 1964-65, 1965-66, 1970-71, 1979-80, 1988-89, 2005-06, 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2009-10, 2020-21 | |||
1901, 1906, 1907, 1950-51, 1954-55, 1956-57, 1958-59, 1961-62, 1967-68, 1978-79, 1987-88, 1991-92, 1992-93, 1993-94, 1995-96, 1998-99, 2003-04, 2010-2011 | |||
1898, 1899, 1900, 1902, 1903, 1904, 1914-15, 1922-23, 1923-24 | |||
1927-28, 1942-43, 1945-46, 1946-47, 1947-48, 1948-49, 1975-76 | |||
1924-25, 1928-29, 1935-36, 1936-37, 1938-39, 1940-41, 1963-64 | |||
1908, 1909, 1910-11, 1911-12, 1912-13, 1920-21, 1921-22 | |||
1941-42, 1982-83, 2000-01 | |||
1986-87, 1989-90 | |||
1973-74, 1999-00 | |||
1955-56, 1968-69 | |||
1969-70 | |||
1913-14 | |||
1921-22 | |||
1990-91 | |||
1984-85 | |||
Серија Б-втора лига по ранг во Италија
Портал „Фудбал“ | |
Портал „Италија“ | |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.