From Wikipedia, the free encyclopedia
Северна Азија е регион во Азија кој се состои од азискиот дел на Русија. Овој регион го зафаќа најголемиот дел на некогашната СССР, делот што се наоѓа источно од Урал,[1] и опфаќа една третина од континентот[2].
Се смета дека источно Урал живеат околу 40 милиони Руси и порусени Украинци. Покрај ова, во Сибир живеат и 445.175 Бурјати (најбројното малцинство), 443.852 Јакути (2002) и околу 400.000 Германци.[3] Според пописот од 2002, во Сибир има 500.000 Татари, но 300.000 од нив се волшки Татари преселени во Сибир во текот на неговата колонизација.[4]
Физичка карта на северна Азија. |
---|
Во северна Азија нема планински венци, и затоа нема што да го спречи навлегувањето на студените воздушни струења од Арктикот низ рамничарските предели во Сибир и Туркестан.
Висорамнините и рамниците во северна Азија ги сочинуваат западносибирските низини; Ангарскиот Штит, со полуостровот Тајмир, крајбрежните низини, висорамнините Путорана, Анабар, Тунгуската Висорамнина и Ангарската Висорамнина; и сливот Лена-Виљуј. [5]
„Северна Азија“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.