Свет Дух
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светиот Дух (во христијанството) — еден од лицата на Светата Троица. (старогрчки — Άγιο Πνεύμα, латински — Sanctus Spiritus, иврит — רוח הקודש). Христијаните веруваат низ целата историја Светиут Дух им ги давал своите дарови на определени лица, групи и цели народи.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Светиот Дух е третата личност од Божјата природа на Пресвета Троица. Светиот Дух се спомнува честопати во Светото Писмо и најпрво е споменат при создавањето на светот (1 Мој. 1:2). Исто така, треба да се прави разлика меѓу:
- Плодот на Светиот Дух: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кроткост и самоконтрола (Гал. 5:22,23).
- Дарбите на Светиот Дух, кои се нарекуваат и несоздадени енергии кој произлегуваат од третата Личност: зборување со мудрост, зборување знаење, вера, разликување духови, пророкување, дарби за лекување, чудотворства, зборување разни јазици, толкување на разни јазици, поучување, помагање, служење, утешување, дарување, управување, милосрдие (Рим. 12:6-8; 1 Кор. 12:8-10). Дарбите на чудотворства, лекување, зборување и толкување на разни јазици, биле привремени знаковни дарби со цел да ја потврдат автентичноста на пораката и на тие што ја проповедале. Со комплетирањето на Новиот завет знаковните дарби престанале, бидејќи Светото Писмо станал стандардот преку кој требало да се проверуваат сите пораки, за да се види дали се според вистината, па со тоа и пророкувањето веќе не било средство за ново откровение, туку било ограничено на прогласување на веќе откриеното во пишаниот Божји Збор.
Според плодовите и љубовта ќе ги познаеме вистинските ученици Христови (Лк. 6:43-45; Мат. 7:21; 22:36-40; Јвн. 13:35; 1 Јвн. 2:4; 4:7,8).