Светско првенство во атлетика 2013
From Wikipedia, the free encyclopedia
14. Светско првенство во атлетика беше одржано во Москва, Русија од 10 до 18 август 2013. Првенството беше одржано на олимпискиот Стадион Лужники кој е со капацитет од 78,360 места.
Кратки факти Домаќин, Дата ...
Светско првенство во атлетика 2013 | |
---|---|
Домаќин | Москва, Русија |
Дата | 10–18 август 2013 |
Главен Стадион | Стадион Лужники |
Нации | 206[1] |
2015 Пекинг → |
Затвори
За првпат по 2001 година, Русија застана на врвот на табелата на медали, освојувајќи седум златни медали, додека пак САД беа најодликувана нација на првенството со вкупно освоени 25 медали.
Јусејн Болт и Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка беа најуспешни спортисти на првенството со освоени три златни медали. Со освоените три златни медали, Болт влезе во историјата како најуспешен спортист на светските првенства со вкупно освоени 8 златни и 2 сребрени медали.