Светослав I
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светослав (староисточнословенски: Свѧтославъ Игорєвичьcode: orv is deprecated ;[1][б 1] ок. 943 — 972) — кнез на Киев од 945 до неговата смрт во 972.[2] Тој е познат по неговите походи на исток и на југ, кои го забрзале падот на две големи сили во Источна Европа, Хазарија и Првото бугарско царство. Тој потчинил голем број на источнословенски племиња, ги победил Аланите и ги нападнал Волшките Бугари,[3][4] и понекогаш стапувал во сојуз со Печенезите и Маѓарите (Унгарците).
Светослав I | |
---|---|
Светослав I од Евгениј Лансере (1886) | |
Кнез на Киев | |
На престол | 945–972 |
Претходник | Игор |
Наследник | Јарополк I |
Регент | Олга (945–962) |
Кнез на Новгород | |
На престол | 945–970 |
Наследник | Владимир I |
Роден(а) | ок. 943 Киев |
Починал(а) | 972 (aged 28–29) Хортиција |
Сопружник | Предслава |
Деца |
|
Татко | Игор Киевски |
Мајка | Олга Киевска |
Вероисповед | Словенски паганизам |
По смртта на неговиот татко, Игор во 945 година, мајката на Светослав Олга владеела како регент до 962 година.[5][6][7][8] Неговото децениско владеење со Киевска Рус било обележано со брза експанзија по долината на реката Волга, Понтската степа, и Балканот, што доведе до создавање на најголемата држава во Европа. Во 969, тој го преместил своето седиште во Преславец на Дунав.[9][10] Во 970 година, ги назначил неговите синови Јарополк и Олег како кнезови на Киев и Древљанија подредени на него, а Владимир, неговиот син со неговата холопка Малуша, за кнез на Новгород.[11][12]
Спротивно на неговата мајка Олга, која се преобратила во христијанство, Светослав останал паган целиот свој живот.[13] Поради неговата ненадејна смрт во заседа, неговите освојувања во најголем дел не биле консолидирани во функционална империја, додека неговиот неуспех да воспостави стабилно наследување, довело до братоубиствен судир меѓу неговите тројца синови, што довело со смрт на Јарополк и Олег, додека Владимир останал единствен владетел.[14]