Самослик
неформален фотографски автопортрет / From Wikipedia, the free encyclopedia
Самослик или селфи (англиски: selfie) — своерачно снимена автопортрет-фотографија на која лицето кое се фотографирало себеси или себеси заедно со други лица држејќи фотоапарат, мобилен телефон односно паметен телефон. При фотографирањето мобилниот телефон или фотоапаратот не се испушта од рака.
Овој збор Оксфордскиот речник на англискиот јазик го прогласил за збор на годината во 2013 година. Поимот најчесто се поврзува со друштвените мрежи. Самосликните фотографии главно се неформални и спонтани, а најчесто се прават со фотографирање себеси во огледало или со сликање себеси (и други) држејќи го апаратот фокусиран на одреден кадар.