архипелаг што покрива 3,030 км² и се наоѓа во централниот дел на Јужен Пацифик, дел од Полинезија и поширокиот регион на Океанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Самоанските Острови формираат архипелаг во Тихиот Океан. Архипелагот зазема површина од 3.030 км2 и истиот е дел од географскиот регион Полинезија во Океанија. Самоанските Острови имаат вкупно население од околу 250.000 жители. Национален и најголем јазик на островите е самоанскиот јазик. На островите преовладува самоанската култура и самоанскиот начин на општествен живот.[1]
горе: островот Офу-ОлосегаAbove. доле: карта на Самоанските Острови | |
Географија | |
---|---|
Место | Полинезија |
Површина | 3.030 км2 |
Највисоко место | 1.858 м |
Највисока точка | Мауга Силисили |
Држава | |
Samoa | |
Најголема населба | Апија (pop. 38,800) |
Американска Самоа | |
Најголема населба населба | Паго Паго (pop. 11,500) |
Демографија | |
Население | 250,100 (2001) |
Денес островите се поделени на две политички единици. Западниот дел на островите се под јурисдикција на независната држава Самоа, а источниот дел од островите е под јурисдикција на американската сојузна територија Американска Самоа. Самоанците се најбројни на островите и тие претставуваат најброен полинезиски народ во светот.[2] Во 1768 година, источниот дел на архипелагот бил посетен од францускиот истражувач Луи Антоан де Бугенбил и тој ги именувал како Навигаторски Острови. Ова име било користено од мисионерите сè до 1845 година, а во официјалната европска преписка сè до 1870 година.[3]
Самоанските Острови се наоѓаат во Тихиот Океан. Тие се дел од Полинезија во Океанија. Островите се на 800 километри оддалеченост од Фиџи, 530 километри од Тонга, 2.900 километри од Нов Зеланд и 4.000 километри од Хаваи.[4] Поголем дел од островите се со вулканско потекло прекриени со тропска шума. Помал број од островите се корални. Највисока точка на островите е планината Силисили на островот Саваи со надморска височина од 1858 метри.[5] На Американска Самоа највисок врв е Лата со 966 метри надморска височина.
Островите имаат тропска клима. Дождлива сезона е од ноември до април и често островите се погодени од тајфуни од декември во март.[6]
Во текот на 1800-те години соперништвото меѓу колонијалните империи на САД, Германија и Обединетото Кралство било на високо ниво и тоа довело до Тространата конвенција од 1899 година. Според договорот, Самоанските Острови биле поделени на два дела: Германска Самоа и Американска Самоа. Меѓународната конвенција се случила пред Првата светска војна и претходници на истата биле Вашингтонската конференција од 1887, Берлинскиот конгрес од 1889 и Англо-германскиот договор за Самоа од 1899 година. Во 1920 година Нов Зеланд ја презел власта врз Германска Самоа и управувал со островите сè до независноста на Западна Самоа во 1962 година. Западна Самоа го променила името во Самоа, а источниот дел на архипелагот и понатаму е под управа под САД познат како Американска Самоа.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.