Р-7 Семјорка
меѓуконтинентална балистичка ракета / From Wikipedia, the free encyclopedia
R-7 (руски: Р-7 "Семёрка") — советска ракета развиена во текот на Студената војна, и е првата светска меѓуконтинентална балистичка ракета.[1] R-7 е пуштена 28 пати во периодот меѓу 1957 и 1961 година, но никогаш не била развиена за оперативни цели. Подизведбата, Р-7А, била во употреба од 1959 до 1968 година. На западот односно за НАТО го имала кодното име SS-6 Дрвесина а во Советскиот Сојуз ГРАУ ознаката 8K71. Во изменет облик, е употребена да го лансира Спутник 1, првиот вештачки сателит, во орбита околу Земјата, и постанува основа за R-7 семејство кое ги вклучува варијантите Спутник, Луна, Молнија, Восток и вселенските лансирачки системи Восход, како и подоцнежното семејство ракети Сојуз.
Р-7A | |
---|---|
A 2-скица на Р-7 Семјорка (Кодно име во НАТО SS-6 Дрвесина) | |
Тип | Балистичка ракета |
Потекло | Советски Сојуз |
Употребна историја | |
Во служба | 9 февруари 1959 – 1968 година |
Корисници | СССР: Стратешки ракетни единици |
Војни | Студена војна |
Производна историја | |
Конструктор | Сергеј Корољов |
Конструирано | Од 1953 година |
Производител | ОКБ-1 |
Тех. особености | |
Тежина | 280 metric tons (280 long tons; 310 short tons) |
Должина | 34 м (112 ст) |
Пречник | 10.3 м (34 ст) |
Погон |
|
Двигател | LOX/T-1 |
Водилка | Внатрешно водење со радиоконтрола на Верниевите потисници за време на лансирањето. |
Управување | 12x Верниеви потисници подредени околу поттисните јата и главните мотори |
Прецизност | 2,5–5,0 km (макс. отстапување 10 km) |
Широко употребуваниот прекар за ракетата Р-7 е „Семјорка“, што значи „7“ на руски.