Рустави
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рустави (грузиски: რუსთავი) — град во југоисточна Грузија во провинцијата Долен Картли, сместен 25 километри југоисточно од главниот град Тбилиси. Низ градот тече реката Кура. Населението во градот изнесува 125.103 според пописот од 2014, а најмногу од нив работат во металуршката индустрија. Историјата на градот се дели на две епохи: од античко време до уништувањето на градот во 13 век, и модерната епоха од советско време до денес.
Рустави რუსთავი | |||
---|---|---|---|
| |||
Држава | ![]() | ||
Регион | Долен Картли | ||
Површина | |||
• Вкупна | 60 км2 (20 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000350000000350 м | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 125,103 | ||
Час. појас | Грузиска зона (UTC+4) | ||
Клима | Влажна суптропска | ||
Мреж. место | rustavi.ge |
Низ својата историја, Рустави бил напаѓан од повеќе освојувачи. Историчарите бележат дека бил освоен од Александар III Македонски, а во шестиот век од нашата ера бил нападнат од персискиот крал. Во 11. век градот бил освоен од Турците Селџуци. Монголскиот водач Тамерлан целосно го уништил градот, оставајќи го пустина во 1265 година.
Рустави бил возобновен како современ град во време на процесот на индустријализација на Советскиот Сојуз предводен од Јосиф Сталин. Во периодот 1941–1950 била изградена фабрика за преработка на железна руда која била носена од блиските градови во Азербејџан. По крајот на Втората светска војна, Рустави бил поделен на два дела: Dzveli Rustavi (Стар Рустави) и Akhali Rustavi (Нов Рустави). Стариот дел имал сталинистички архитектонски стил, додека новиот дел имал блокови згради кои потсетувале на советскиот стил.