Русофилија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Русофилија (руски: Русофилия) — поим користен за обележувајќи тие којшто имаат почит и активно ја подржуваат Русија и нејзината култура. Во 19 век заради улогата на Русија во политиката на Балканот, терминот пансловенизам се сметало како подгрупа на Русофилија. Во 21 век со Руската инвазијата на Украина терминот русофил добило негативна конотација. Денес русофилијата е најприсутна во Бугарија, Србија, Белорусија и Грузија.
Некој странски историчари го сметаат србофилството и русофилството како еден заеднички термин заради големите сличности во нивните култури, Неил Вин го обележува како Руска Србофилија.[4] Некој српски националистички партии и српската православна црква го користат русофилството како политички инструмент.[5]
Бугарскиот национализам и Бугарофилијата исто така се поврзани со русофилијата. Бугарија е најголемата русофилска држава според некој истражувања. Според проценката на поранешниот пратеник во собранието на Бугарија Николај Малинов околу 80% од населението имало русофилски идентитет.[6] Голем дел од историчари од Бугарија и странство се согласуваат дека русофилијата била главната водачка идеалогија за преродбата во Бугарија, заради тоа преродбата се третира како русофилски продукт.[7][8] Од ослободувањето на Бугарија во време на руско-турската војна од 1878 година државата и народот историско било претежно русофилско.