Рузмарин (науч. Rosmarinus) — мал род во кој припаѓаат дрвенести многугодишни растенија со зимзелени игловидни листови кои имаат многу пријатен мирис и арома. Овој род е дел од фамилијата на усноцветни растенија и потекнува од средоземниот регион.
Rosmarinus | |
---|---|
Обичен рузмарин Rosemarinus officinalis | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни |
Род: | Рузмарин |
Видови | |
Rosmarinus eriocalyx |
Постојат само два вида во овој род - R. officinalis (или обичен рузмарин), распространет во средоземниот регион и R. eriocalyx, кој потекнува од северозападна Африка и јужна Шпанија. Последниот се разликува од добро познатиот обичен рузмарин по неговите помали листови кои се долги само 5-15 мм и широки помалку од 2 мм, како и по погустите влакнести цветни дршки. Тој е и понизок по раст, често под 25 см, и никогаш не достигнува височина од 1 м (R. officinalis достигнува и до 1,5 м, а понекогаш и до 2 м).
Корисни својства
Рузмаринот е древен симбол на мудроста и со векови се употребувал за јакнење на мозочните функции. Тој содржи корнозинска киселина (СА), силен антиоксиданс што го неутрализира дејството на слободните радикали, така што помага во превенцијата на појава на мозочен удар и невродегенерација, а делува превентивно и кај Алцхајмеровата болест.[1]
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.