Усноцветни (науч. Lamiaceae или Labiatae) — семејство на растенија која се состои од околу 210 родови и околу 3500 видови. Порано се сметало дека е во блиско сродство со врбинките (Verbenaceae), но неколку скорешни филогенетски истражувања покажале дека многубројните родови класифицирани во Verbenaceae припаѓаат во Lamiaceae, така што најкарактеристичните родови од Verbenaceae не се во блиско сордство со оние од Lamiaceae, а се најблиски сродници со другите членови на редот на усноцветовидните (Lamiales).
Усноцветни | |
---|---|
Пурпурна мртва коприва (Lamium purpureum) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни Martinov[1][2] |
Типски род | |
Мрва коприва (Lamium) L. | |
Родови | |
Морфолошки одлики
Растенијата од ова семејство најчесто се ароматични и се претставени со нашироко користени зачински билки (како босилекот, нането, рузмаринот, жалфијата, чубрицата, мајораната, ориганото, мајчината душичка, лавандата и перилата). Некои се грмушести видови, но ретки се дрвјата и лијаните. Многу членови на семејството се нашироко култивирани, што се должи не само на нивните ароматични квалитети, туку и на лесното одгледување: овие растенија се меѓу оние кои најлесно се размножуваат со резници од стеблото. Одредени видови се одгледуваат како декоративни растенија, како колеусот на пример. Други се одгледуваат за исхрана, и тоа најмногу поради семињата (како Salvia hispanica).
Првичното име на семејството е Labiatae, кое е дадено како резултат на тоа што цветовите кај овие растенија најчесто имаат венечни ливчиња споени во горна и долна усна (labia на латински значи усна). Меѓутоа, во почеста употреба е името Lamiaceae.
Листовите се наспрамни, при што секој пар на листови од едно членче дава извиткан изглед. Стеблата се најчесто квадратни на напречен пресек, но ова својство не се среќава кај сите членови на семејството, а понекогаш се среќава кај претставници од други семејства.
Цветовите се билатерално симетрични, со 5 споени чашкини и венечни ливчиња. Тие се најчесто хермафродитни.
Родови
|
|
|
|
|
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.