Ронин
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ронин (јапонски: 浪人, букв. 浪 „скитајќи“ и 人 „човек“ — скитник) — назив за самурај без господар во Феудална Јапонија. Во почетокот називот бил користен за кмет кој го напуштил или побегнал од својот господар. Во феудална Јапонија ронинот бил предмет на исмејување и понижување, затоа што традицијата налагала самураите кои го напуштиле својот господар да починат ритуално самоубиство — сепуку. Во текот на Токугава шогуната драматично пораснал бројот на ронини, знаејќи дека тогаш било незаконски самураите да го променат господарот без негово одобрение. Многу ретки биле тие кои имале даимјо титула, и имале добри услови.
Значењето на поимот ронин, подоцна се однесувало на студенти кои не успеале да положат приемен испит на факултет на кој сакале да се запишат, и го чекаат наредниот приемен рок за да се обидат повторно. Понекогаш поимот ронин се користел воопшто за личност која не ја искористила понудената прилика и која чека на нова шанса.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.