Роберт де Ниро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија е за глумецот. За неговиот татко, види Роберт де Ниро Сениор.
Роберт де Ниро | |
---|---|
Де Ниро во 2011 година на Филмскиот Фестивал во Трибека на премиерата на Клубот Бенг Бенг | |
Роден(а) | Роберт де Ниро, Јуниор 17 август 1943(1943-08-17) (80 г.) Њујорк Сити |
Националност | Американско и Италијанско |
Државјанство | Американско и Италијанско |
Занимање | Глумец, режисер, продуцент |
Активен период | 1959—денес |
Сопружник | Дајен Абот (1976 — 88) Грејс Хајтауер (1997—денес) |
Родители | Роберт де Ниро,Сениор (починат) Вирџинија Адмирал (почината) |
Роберт де Ниро Јуниор (роден на 17 август 1943 година) — американски глумец, режисер и продуцент. Се смета дека е еден од најдобрите глумци на својата генерација. Неговата прва поголема филмска улога беше во филмот Полека Удирај Го Тапанот, во 1973 година. Во 1974 година, го играше младиот Вито Корлеоне во Кум 2, за којашто улога доби награда за најдобар спореден глумец.
Неговата долгогодишна соработка со Мартин Скорсезе започна во 1973 година со филмот Злобни Улици, а Де Ниро доби награда за најдобар глумец за улогата на Џејк ЛаМота во филмот од 1980 година, Разгневениот Бик. Исто така тој беше именуван за награда за своите улоги во филмовите на Скорсезе, Таксист (1976 г.) и ‘Рт на Стравот (1991 г.). Исто така, беше именуван за својата глума во филмовите: Ловец на Елени на режисерот Мајкл Чимино од (1978 г.) и Будење на Пени Маршал (1990 г.).
Доби четири номинации за наградара Златен Глобус за најдобар глумец во мјузикл или комедија: Њујорк, Њујорк (1977), Пред Полноќ (1988), Анализирај го Ова (1999) и Запознај ги Родителите (2000).