Римски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Римски календар — календарот кој го користеле римското кралство и република. Календарот е вклучен во јулијанскиот календар воспоставен со реформите на диктаторот Јулиј Цезар и царот Октавијан Август кон крајот на 1-от век п.н.е. и како дел од секој систем датиран според броењето на месеците' календи, нони, и иди според римските начини на броење. Вообичаено е карактеристичен за Коптскиот календар во Египет, кој продолжил да ги користи месеците од стариот календар, Византискиот календар на подоцнежното Источно Римско Царство, кој вообичаено ги датирал римските месеци со поедноставното броење на Старогрчкиот календар, и грегоријанскиот календар, кој го унапредил јулијанскиот систем за да се приближи што поблиску до сончевата година и е основата за моменталниот меѓународен стандард.
Римските дати се бројат нанапред до следните три главни денови: првиот во месецот (календи), ден пред средината на месецот (иди), и осум дена—девет, броејќи пред ова (нони). Првичниот календар се состоел од 10 месеци и започнувал на пролет со месецот март, зимата пак немала определен број на денови. Овие месеци траат 38, 8 дневни недели, (т.е., „девет“) дневни недели завршувале со верски обрреди на јавните пазаришта. Зимата е период кој се искористил за создавање на јануари и февруари. Според митовите првите кралеви Ромул и Нума се сметаат за воспоставувањето на првиот непоместлив календар, кои има потекло од месечевите набљудувања. Особено, календите, ноните и идите потекнуваат од забележувањето на првата четвртина, полумесечината и полната месечина. Календарот бил малку покус сончевата година, и имал потреба од постојано прескокнување за да се одржуваат верски фестивали и други активности во нивните соодветни годишни времиња. Од празноверни приочини, ваквите прескокнувања се случувале во текот на месецот февруари, иако тој не се сметал за последен месец во годината.
По воспоставувањето на Римската Република, годините започнале да се датираат според конзулствата и контролата над прескокнувањето била доделена на врвниот свештеник, кои ја злоупотребувале својата моќ за продолжување на годините кога на власт биле нивните политички сојузници и ги скусувале кога на власт биле нивните противници. Победувајќи во неговата војна со Помпеј, Цезар ја искористилм својата моќ како римски врвен свештеник да ја воведе календарската реформа во 46 п.н.е., со што третата година на неговото конзулство траела 446 дена. За да се одбегне мешањето во римските верски обреди, со реформата овие дополнителнин денови биле додадени кон краевите на месеците и не се поклопувал со ноните или пак идите, дури и во месеците кои имале 31 ден. јулијанскиот календар требал да има еден прескочен ден на 24 февруари секоја четврта година но по Цезаровото убиство, свештениците погрешно го јкористеле прескочниот ден на секои три години. За да го врати во ред календарот, Октавијан Август морал да спречи додавање на прескочни денови во следните декади. Овој преиначен календар бил малку подолг од сончевата година, датумот на Велигден се поместувал многу од мартската рамнодневница па Папата Григориј XIII ја наредил реформата на календарот во XVI век.