Рикардо Родригес (фудбалер)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рикардо Иван Родригес Араја (роден на 25 август 1992 година) — швајцарски фудбалер кој настапува за ФК Торино.
Рикардо Родригес | |||
---|---|---|---|
Родригес со Швајцарија во 2014 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Рикардо Иван Родригес Араја[1] | ||
Роден на | 25 август 1992(1992-08-25) (31 г.) | ||
Роден во | Цирих, Швајцарија | ||
Држава | Швајцарија | ||
Висина | &100000000000001800000001,80 м | ||
Позиција | одбранбен играч/лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Торино | ||
Број | 68[2] | ||
Младинска кариера | |||
2001–2002 | ФК Швамендинген | ||
2002–2010 | Цирих | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010–2012 | Цирих | 35 | (2) |
2012–2017 | Волфсбург | 149 | (15) |
2017– | Милан | 74 | (1) |
2020 | → ПСВ | 6 | (0) |
2020- | Торино | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009–2010 | Швајцарија 17 | 5 | (3) |
2009–2010 | Швајцарија 18 | 10 | (4) |
2010–2011 | Швајцарија 19 | 15 | (5) |
2011–2012 | Швајцарија 23 | 3 | (0) |
2011– | Швајцарија | 73 | (8) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 11 март 2020 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 7 септември 2020 |
Тој е опишан како комплетен играч од одбраната и е познат по неговите силни способности за напредок,[3] како и способност за презизни додавања.[4][5][6] Родригес бил познат и по изведувањата на пеналите во неговиот поранешен клуб Волфсбург.[7][8]
Роден во Цирих од шпански татко и мајка чилеанка, Родригес ја започнал својата професионална кариера во локалниот клуб Цирих во 2010 година, каде што поминал осум години во младинскиот тим. По пробивањето во првиот тим во Цирих и неговите добри игри, Родригес бил продаден на Волфсбург во јануари 2012 година за 7,5 милиони фунти.[9] Тој одиграл 184 натпревари за бундеслигашот во сите конкуренции, и постигнал 22 гола, освојувајќи го германскиот куп и Суперкуп во 2015 година. Во јуни 2017 година тој потпишал за Милан.
Родригес има настапувано во сите младински категории за швајцарската репрезентација, освојувајќи го ФИФА У-17 Светското првенство во 2009 година. За сениорскиот тим на Швајцарија настапува од 2011 година, и досега има одиграно повеќе од 40 пати за неговата земјата. Тој бил дел од швајцарскиот тим на Светско Првенство во фудбал во Бразил во 2014 година, а подоцна истата година бил прогласен за швајцарски фудбалер на годината.[10]