Рибарци — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Кратки факти
Рибарци
Thumb
Рибарци
Местоположба на Рибарци во Македонија
Рибарци на карта

Thumb

Координати 41°30′35″N 21°57′41″E
Регион Вардарски
ОпштинаРосоман
Население29 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО11037
Надм. вис.378 м
Рибарци на општинската карта
Thumb

Атарот на Рибарци во рамките на општината
Рибарци на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 10 километри северозападно од Кавадарци и 3 километр источно од општинскиот центар Росоман.

Историја

Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948225    
1953207−8.0%
1961189−8.7%
1971142−24.9%
198167−52.8%
ГодинаНас.±%
199151−23.9%
199439−23.5%
200241+5.1%
202129−29.3%
Затвори

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рибарци живееле 165 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рибарци имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година селото имало околу 41 жител, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 27 Македонци, 1 Србин и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 165 136 225 207 189 142 67 51 39 41 29
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Според истражувањата од периодот 1914-1924 година, родови во селото

  • Македонски родови:
    • Доселеници: Кочовци-Гоговци (3 к.) доселени се на почетокот од XIX век од старото село Демир-Попадија; Туневци (1 к.) доселени се во исто време кога и претходниот род од селото Градско; Иловци (1 к.) доселени се во 1840 година од селото Сопот; Грозановци (1 к.) доселени се во 1850 година од селото Паликура; Пауновци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Сопот; Ѓувалевци (1 к.) доселени се од селото Бизевиќ во 1875 година; Мановци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Рисјанска Курија; Митревци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Паликура.[10]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 714 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости

Верски градби
  • „Св. Ѓорѓи“ - камен темелник осветен и поставен на 1 декември 2015 година;[13]
Археолошки наоѓалишта[14]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.