Религија во Замбија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Религијата во Замбија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството е официјална религија во Замбија според уставот од 1996 година[1], и огромното мнозинство на населението се христијани од разни деноминации, но постојат многу други верски традиции. Традиционалните верувања лесно се вклопуваат во христијанските верувања во многу синкретички цркви во земјата. Други религии се бахајство, исламот, хиндуизмот, сикизмот и јудаизмот.
Религија во Замбија | ||||
---|---|---|---|---|
Религија | процент | |||
Христијанство | 95,5 % | |||
Ислам | 0,5 % | |||
Останати | 3,8 % |
Во 2010 година, според World Christian Trends, 85,5% од населението се идентификувале како христијани, 11,2% се идентификувале со домородните религии, 1,8% како бахаи, 1,1% како муслимани, 0,2% како агностици, 0,1% како хиндуисти, а сите други групи учествувале со помалку од 0,1%.[2]. Според пописот од 2010 година, 75,3% од Замбија биле протестанти, 20,2% биле католици, 0,5% биле муслимани, 2,0% други религии, а 1,8% немале религија[3].