Ран среден век
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ран среден век[3] — историски период кој следувал по доцноантичкиот период, во почетокот на 5 век. Средниот век се протегал од 5 век сè до крајот на 10 век. Раниот среден век следуваал по распаѓањето на Западното Римско Царство и му претходел на развиениот среден век (околу 1001 – 1300). Во овој период се продолжило со истиот тренд како во антиката, зголемено опаѓање на бројот на населението, особено во урбаните центри, намалување на трговијата и зголемена имиграција.
|
|
Во европската историја, раниот среден век следувал по распаѓањето на Римското Царство. Овој период бил наречен Мрачно доба, одлика која го нагласувала малиот број на литературни и културни дела во ова време, особено во Западна Европа. Сепак, Источното Римско Царство, односно Византија, продолжила да постои, а во 7 век исламските калифати освоиле големи делови од поранешна римска територија. Овие трендови се свртиле наопаку подоцна низ периодот. Во 800 година, во Западна Европа, титулата цар била оживеана од Карло Велики, чие Каролиншко Царство имало влијание на подоцнежната социјална структура и историја. Европа дочекала враќање на систематското земјоделство преку феудалниот систем и вовела иновации како плодоредот и тешките плугови. Миграцијата на варварите се стабилизирала во поголемиот дел на Европа, иако северот бил засегнат од викиншката експанзија.