Рано христијанство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Раното христијанство е поим со кој се означува историјата на христијанството од смртта на Исус Христос во околу 30 година до Првиот вселенски собир во Никеја во 325 година.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Раното христијанство постоело како едно верско движење односно се сметало како секта во внатрешноста на Јудаизмот за да во текот на векот потполно се одвои од таа вера. Седиштето на новата религија во почетокот се наоѓало во Ерусалим, но по неуспехот на Симон бар Кохба во востанието и разрушувањето на храмот, позицијата на христијанската црква во градот се намалила. Во меѓувреме, престолнината на Римското Царство, градот Рим станал седиште на христијанството, а римскиот епископ станал најдоминантен помеѓу верниците кој подоцна ја добил титулата Папа.
Во текот на ранохристијанскиот период, христијаните на повеќепати биле прогонувани од страна на римските цареви за да во времето на Константин I Велики стане официјална религија во империјата, а престолнината била преместена во Цариград.