Радиобранови — вид бранови од електромагнетно зрачење, чијашто бранова должина во електромагнетиот спектар е поголема од инфрацрвената светлина. Како и сите други електромагнетни бранови, така и радиобрановите се движат со брзина на светлината. Природно, радиобрановите се добиваат од молњи или астрономски објекти. Вештачки добиените радиобранови се користат за фиксна, мобилна и сателитска комуникација, сметачки мрежи и останати навигациски системи. Различни честоти на радиобрановите имаат различни одлики на ширење во атмосферата на Земјата. Долгите радиобранови можат постојано да покриваат одреден дел од Земјата, а кратките радиобранови можат да се одбиваат надвор од јоносферата и да патуваат околу светот, но многу малку се одбиваат.

Thumb
Приказ на проводливоста (или одбојноста) на Земјината атмосфера при различни бранови должини на електромагнетно зрачење, вклучувајќи ги радиобрановите.

Откривање и искористување

Радиобрановите прв ги предвидел Џејмс Максвел во 1865 година. Тој забележал светлина што има одлики на бран и сличности при електричните и магнетните набљудувања. Потоа тој предложува равенки што ги опишуваат светлинските и радиобрановите како електромагнетни бранови што патуваат низ просторот. Во 1887 г., Хајнрих Херц успеал да создаде радиобранови во својата лабораторија.[1] Во годините што следуваат, се создаваат многу пронајдоци во кои радиобрановите се користат за пренесување на информации во просторот.

Создавање

Одбивањето, прекршувањето, поларизацијата, дифракцијата и апсорпцијата се многу важни при изучувањето на радиобрановите и како тие се движат во просторот. На различни честоти се добиваат различни вредности на погоре наведените појави, а со нивно сврзување некои радиобранови стануваат покорисни, за определени цели, од други.

Радиокомуникација

За да се добие радиосигнал, на пример од AM/FM-радиостаници, мора да се користи радиоантена. Откако антената во еден временски период ќе прифати илјадници радиосигнали, радиоприменикот мора да се вклучи во одреден честотен опсег.[2] Ова најчесто се прави со резонатор. Тој се поставува да одекнува на истиот честотен опсег, со што синусните бранови во тој опсег се засилуваат, а се запоставуваат сите останати. Најчесто корисникот може да ја смени резонантната честота.[3]

Во медицината

Повеќе од 75 години, енергијата од радиочестотите се користи за медицинско лекување.[4] Магнетната резонанца користи радиобранови за добивање слики од човечкото тело.[5]

Поврзано

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.