Радиоспектар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Радиоспектар

Радиоспектар (радиочестотен спектар, радиофреквенциски спектар или РФ-спектар) — дел од електромагнетниот спектар што соодветствува на радиочестоти, т.е. оние пониски од 300 GHz (бранови должини над 1 мм).

Thumb
План за намена на радиочестотните опсези на РМ на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија (АЕК)

Разни делови од радиоспектарот се користат за разни видови на предавање и имаат различни примени. Радиоспектарот го регулира државната управа и издава одобренија за негово користење на мобилни оператори, ТВ станици и др. Во Република Македонија за ова е надлежна Агенцијата за електронски комуникации на РМ.[1] Опсезите на доделените честоти имаат свои доделени имиња (на пр. спетар на мобилна телефонија, телевизиски спектар итн).

Радиопојаси

Појас (радиочестотен опсег) е мал дел од спектарот на радиочестоти, каде каналите се користат за иста намена.

Кај честотите над 300 GHz, Земјината атмосфера е практично непробојна за електромагнетните зраци сè до инфрацрвените и оптичките честотни опсези, кога е повторно проодна.

За да се избегнат пречки и да се добие ефикасно искористување на радиоспектарот, секој појас се пополнува со слични предаватели. На пример, радиотелевизиските емитувачи, мобилни радиостаници и навигационите уреди добиваат сосем различни опсези што немаат никаков меѓусебен преклоп.

Секој од појасите има основен план кој диктира како појасот треба да се користи и споделува, сè со цел да се избегнат меѓусебни пречки, но и за да се овозможи уврдувањето на протокол за складност на предавателите и приемниците.

По договор, појасите се поделени на бранови должини од по 10n метри, т.е. честоти од 3×10n херци. На пример, 30 MHz или 10 m ги дели ниските, подолги честоти од VHF, кои се пократки и повисоки. Ова се делови од радиоспектарот, а не неговата нечестотна распределба.

Повеќе информации Име на поајсот, Крат. ...
Име на поајсот Крат. ITU-појас Честота и
бранова должина
Примена
< 3 Hz
> 100 000 км
Природен и вештачки електромагнетен шум
Крајно ниска честота ELF 1 330 Hz
100 000 км 10 000 км
подводна радиоврска (подморници)
Суперниска честота SLF 2 30300 Hz
10 000 км 1000 км
подводна радиоврска
Ултраниска честота ULF 3 3003000 Hz
1000 км 100 км
подводна радиоврска, подземна радиоврска (рудници)
Многу ниска честота VLF 4 330 kHz
100 км 10 км
радионавигација, часовна сигнализација, подводна радиоврска, безжични пулсометри, геофизика
Ниска честота LF 5 30300 kHz
10 км 1 км
радионавигација, часовни сигнали, емитување на AM долги бранови (Европа и делови од Азија), RFID, радиоаматерство
Средна честота MF 6 3003000 kHz
1 км 100 м
емитување на AM (средни бранови), радиоаматерство, предупредувања за лавини
Висока честота HF 7 330 MHz
100 м 10 м
емитување на кратки бранови, граѓански радиоопсег, радиоаматерство и затхоризизонтни воздухопловни врски, RFID, Over-the-horizon radar, ALE / NVIS радиоврски, поморска радиотелефонија
Многу висока честота VHF 8 30300 MHz
10 м 1 м
FM, телевизиски емитувања и воздухопловни врски „на видик“, „земја-воздух“ и „воздух-воздух“. копнени и поморски мобилни врски, радиоаматерство, метеоролошки радиовски
Ултрависока честота UHF 9 3003000 MHz
1 м 100 мм
ТВ емитување, микробранови печки, микробранови уреди/врски, радиоастрономија, мобилна телефонија, WLAN, Bluetooth, ZigBee, GPS и копнени мобилни радиостаници, FRS и GMRS радиоврски, радиоаматерство
Супервисока честота SHF 10 330 GHz
100 мм 10 мм
радиоастрономија, микробранови уреди/врски, WLAN, највеќето современи радари, комуникависки сателити, сателитска телевизија, директно сателитско емитување (DBS), радиоаматерство
Крајно висока честота EHF 11 30300 GHz
10 мм 1 мм
радиоастрономија, високочестотни микробранови релеа, микробраново далечинско испитување, радиоаматерство, наочено енергетско оружје, микробранов детектор
Терахерцна или стравотно висока честота THz или THF 12 3003000 GHz
1 мм 100 μм
Teрахерцна томографија – потенцијална замена за ретнгенските зраци во некои области од мединицата, ултрабрза молекуларна динамика, физика на кондензираната материја, терахерцна временскоподрачна спектроскопија, терахерцна информатика/врски, подмилиметарско далечинско испитување, радиоаматерство
Затвори

МТУ

Радиопојасите на МТУ се предназнаки утврдени во Прописите за радиоемитување на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) со Член 2, одредба бр. 2.1, каде се распределени девет појаси, означени со цели броеви по нагорен редослед, во согласност со наведената табела[2]".

Повеќе информации Бр. на појас, Симболи ...
Табела на радиопојаси на МТУ
Бр. на појасСимболиЧест. опсегБранови должини
4VLF3 – 30 kHz10 - 100 км
5LF30 – 300 kHz1 - 10 км
6MF300 – 3000 kHz100 - 1000 м
7HF3 - 30 MHz10 - 100 м
8VHF30 - 300 MHz1 - 10 м
9UHF300 - 3000 MHz10 - 100 см
10SHF3 – 30 GHz1 - 10 см
11EHF30 – 300 GHz1 - 10 мм
12300 - 3000  GHz0,1 - 1 мм
Затвори

† Оваа колона не фигурира во табелата на Одредбата бр. 2.1 на Прописите за радиоемитување

Повеќе информации Појас, Чест. опсег ...
Затвори

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.