Равенсбрик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Равенсбрик бил германски концентрационен логор исклучиво за жени од 1939 до 1945, кој се наоѓал во северна Германија, 90 километри северно од Берлин на локација во близина на селото Равенсбрик (дел од Фирстенберг / Хавел ). Најголемата единствена национална група се состоела од 40.000 полски жени. Другите групи броеле 26.000 жени евреји од различни земји:18.800 русинки, 8.000 французинки и 1.000 жени од Холандија. Повеќе од 80 проценти биле политички затвореници. Многу робови затвореници биле вработени од страна на германската фирма за електрично инженерство Сименс и Халске. Од 1942 до 1945 година биле преземени медицински експерименти за тестирање на ефикасноста на сулфонамидите.