Пучки Залив
залив на Балтичкото Море во Поморското Војводство, Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пучки Залив (полски: Zatoka Pucka, германски: Putziger Wiek, кашупски: Pùckô Hôwinga) — плиток залив во Балтичкото Море, западен огранок на Гдањскиот Залив на брегот на Источното Поморје, северозападна Полска. Одделен е од морето со Хелскиот Провлак.[1]
Кратки факти Пучки Залив Zatoka Pucka ...
Пучки Залив Zatoka Pucka | |
---|---|
Плажа во Пуцк | |
Карта на Пучкиот Залив |
Затвори
Заливот има просечна длабочина од 2 до 6 м. Псредината на Хелскиот Провлак од Рева до Кужњица се протега песочен плитар. Пристап во заливот имаат само чамци и мали бротчиња, кои задолжително пловат по подлабоките делови. Под заливот има лежишта на поташа (калиумска сол).
Поважни пристанишни градови на Пучкиот Залив се Пуцк, Јастарња и Хел.