![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a4/Putbustheater.jpg/640px-Putbustheater.jpg&w=640&q=50)
Путбус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Путбус (германски: Putbus) — град на југоисточниот брег на островот Риген во Балтичкото Море, во округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во Германија. Градот претставува значајно туристичко одредиште со бројни приморски одморалишта. Тој е најстаро одморалиште на островот и службено бил признаен од државата како приморски град од 1997.
Путбус | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Градоначалник | Харалд Бурвиц |
Основни податоци | |
Површина | 66,60 км2 |
Надм. височина | 50 м |
Население | 4.487 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 67 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | RÜG |
Пошт. бр. | 18581 |
Повик. бр. | 038301 |
Портал | www.putbus.de |
Местоположба на градот Путбус во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
![]() | |
Координати | 54°20′N 13°29′E |
Путбус бил основан во 1810 од принцот Вилхелм Мате цу Путбус како негова резиденција и го изградил во неокласичен стил, па така градот создава хармонична унија со паркот и замокот (Schloss). Малте исто така го вовел морското капење во Германија кај Лаутербах, кој се наоѓа на околу 2 километри од Путбус. Градот бил наречен како „Бел Град“ (Weiße Stadt) поради неговите бело обоени куќи, но исто така го има и прекарот „Град на розите“ (Rosenstadt) поради многуте рози пред секоја поединечна куќа. Името Путбус потекнува од словенскиот збор epod boz што означува „зад постариот жбун“.