Псаметих III
From Wikipedia, the free encyclopedia
Псаметих III (исто така наречен Псаметихос, Псаметихус, Псам(е)тик(ус), Псаменит(ус), од грчкиот Ψαμμήτιχος или Ψαμμήνιτος) ― последниот фараон на Дваесет и шестата египетска династија од 526 п.н.е. до 525 година п.н.е. Повеќето од она што е познато за неговото владеење и животот го документирал грчкиот историчар Херодот во 5 век п.н.е. Херодот наведува дека Псаметих владеел со Египет само шест месеци пред да се соочи со персиската инвазија врз неговата земја предводена од персискиот крал Камбиз II.[1] Псаметих подоцна бил поразен во Битката кај Пелусиум и побегнал во Мемфис каде бил заробен. Соборениот фараон бил однесен во Суза во синџири, а подоцна извршил самоубиство.