месечина на Нептун From Wikipedia, the free encyclopedia
Псамата, исто така позната како Нептун X — неправилна месечина на Нептун. Го добила името според Псамата, една од нереидите. Псамата била откриена од Скот Шепард и Дејвид Џуит во 2003 година користејќи 8,2-метарски телескоп Субару.[4] Пред да биде објавено неговото име на 3 февруари 2007 година (IAUC 8802), бил познат под ознаката S/2003 N 1.[6]
Пречникот на Псамата е околу 38 километри. Кружи околу Нептун на растојание меѓу 25,7 и 67,7 милиони километри (за споредба, растојанието Сонце-Меркур варира меѓу 46 и 69,8 милиони километри) и му се потребни скоро 25 Земјини години за да направи една орбита. Орбитата на оваа месечина е блиска до теоретско стабилно одвојување од Нептун за тело во повратна орбита. Со оглед на сличноста на параметрите на орбитата со Несо (S / 2002 N 4), се сугерирало дека двете неправилни месечини може да имаат заедничко потекло од распад на поголема месечина.[4] И двете месечини се подалеку од планетата околу која орбитираат од која било друга позната месечина во Сончевиот Систем.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.