месечина на Нептун From Wikipedia, the free encyclopedia
Несо , познат и како Нептун XIII – најоддалечена позната месечина на Нептун. Претставува неправилна месечина откриена од Метју Холман, Брет Гледман и др. на 14 август 2002 година, иако останала незабележана до 2003 година.[2][5] Несо кружи околу Нептун на растојание од повеќе од 48 Gm (милиони км), што го прави (заклучно со 2015 година) најоддалечената позната месечина на која било планета. Во апоцентарот, месечината е оддалечена повеќе од 72 Гм од Нептун. Ова растојание е доволно големо за да го надмине афелот на Меркур, што е оддалечено околу 70 Гм од Сонцето.
Откривање[1][2] | |
---|---|
Откривач |
|
Откриено | 14 август 2002 |
Ознаки | |
Наречена по | Несо |
S/2002 N 4 | |
Орбитални особености[3] | |
Епоха 10 јуни 2003 | |
Периапсида | ~21.215.700 km (0.141 AU) |
Апоапсида | ~77.784.500 km (0.518 AU) |
0.33 AU (~49,500,000 km), 3,220 Нептунов полупречник, 49.285 | |
Занесеност | 0,5714 |
9740,73 д (26,67 г) | |
Наклон | 136,439 |
Физички особености | |
Среден пречник | 60 km[4] |
Албедо | 0,04 (претпоставено)[4] |
Несо е и месечината со најдолг орбитален период, 26,67 години. Следи повратна, многу наклонета и многу ексцентрична орбита илустрирана на дијаграмот во однос на другите неправилни месечини на Нептун. Месечините над хоризонталната оска имаат директно, а месечините под него повратно движење. Жолтите сегменти се протегаат од перицентарот до апоцентарот, покажувајќи ја ексцентричноста.
Несо има пречник од околу 60 км врз основа на претпоставениот албедо и претпоставувајќи средна густина од 1,5 g/cm3,[6] неговата маса се проценува на ×1017 kg.
Со оглед на сличноста на параметрите на орбитата со Псамата (S / 2003 N 1), се сугерирало дека двете неправилни месечини може да имаат заедничко потекло од распад на поголема месечина.[4]
Несо го носи името на една од нереидите. Пред објавувањето на нејзиното име на 3 февруари 2007 година (IAUC 8802), Несо бил познат под својата привремена ознака, S / 2002 N 4.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.