![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5b/Protein_pattern_analyzer.jpg/640px-Protein_pattern_analyzer.jpg&w=640&q=50)
Протеомика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Протеомика ― истражување на белковините на голем размер.[1][2] Белковините се витални делови на живите организми, со многу функции како што се образувањето на структурни влакна на мускулното ткиво, ензимско варење на храната или синтеза и репликација на ДНК. Покрај тоа, други видови на белковини вклучуваат антитела кои го штитат организмот од инфекции и хормони кои испраќаат важни сигнали низ телото.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5b/Protein_pattern_analyzer.jpg/640px-Protein_pattern_analyzer.jpg)
Протеомот е целиот сет на белковинипроизведени или модифицирани од организам или систем. Протеомиката овозможува идентификација на постојано зголемување на бројот на белковини. Ова варира во зависност од времето и посебните барања, или стресови, под кои се подложува клетка или организам.[3]
Протеомиката е меѓудисциплинарен домен кој има голема корист од генетските информации на различни проекти за геном, вклучувајќи го и Проектот за човечкиот геном.[4] Го опфаќа истражувањето на протеомите од целокупното ниво на белковинскиот состав, структура и активност и е важна компонента на функционалната геномика.
Протеомиката воглавно означува опитна анализа од големи размери на белковини и протеоми, но често се однесува конкретно на прочистување на белковините и масена спектрометрија. Навистина, масената спектрометрија е најмоќниот метод за анализа на протеомите, и во големи примероци составени од милиони клетки[5] и во единечни клетки.[6][7]