![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4c/Eusthenia_sp.jpg/640px-Eusthenia_sp.jpg&w=640&q=50)
Пролетници
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пролетниците (науч. Plecoptera) се ред на инсекти кој брои околу 1700 видови. Тие се сметаат за една од најпримитивните групи во рамките на новокрилците, чии најблиски сродници се најдени од карбонските и долнопермски геолошки периоди, додека вистински пролетници се познати од нешто помлади фосили. Денешниот диверзитет по сè изгледа дека е со мезозојско потекло[1].
Пролетници Период: перм–денес | |
---|---|
![]() | |
Eusthenia sp. | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Класа: | Инскети |
Поткласа: | Крилести |
Инфракласа: | Новокрилци |
Надред: | Надворешнокрилни |
Ред: | Пролетници Burmeister, 1839 |
Подредови | |
Arctoperlaria |
Пролетниците можат да се најдат на јужната и северната полутопка, но популациите се доста одделени, иако еволуциските докази укажуваат на тоа дека одредени видови го преминале екваторот во неколку наврати, и тоа пред да станат географски изолирани[2].
Сите видови на пролетници се нетолерантни на загадување на водата и нивното присуство во потоците или неистечните води најчесто се смета како индикатор за добар или одличен квалитет на водата.