From Wikipedia, the free encyclopedia
Прогениторна клетка ― клетка која може да биде разликувана во посебна врста клетка. Матичните клетки и прогениторните клетки ја имаат оваа заедничка способност. Сепак, матичните клетки се помалку специфицирани од прогениторните клетки. Прогениторните клетки можат само да бидат разликувани во нивниот „целен“ вид клетки.[1] Најважната разлика помеѓу матичните клетки и прогениторните клетки е тоа што матичните клетки можат да се реплицираат на неодредено време, додека прогениторните клетки можат да се делат само ограничен број пати. Контроверзноста околу точната дефиниција останува и концептот сè уште е развиван.[2]
Поимите „прогениторна клетка“ и „матична клетка“ понекогаш се поистоветувани.[3]
Повеќето прогенитори се идентификувани како олигопотентни. Во оваа гледна точка, тие можат да бидат споредени со возрасни матични клетки, но кажано е дека прогениторите се во понатамошна фаза на клеточна диференцијација. Тие се на „средината“ помеѓу матичните клетки и целосно диференцираните клетки. Видот на моќта што ја имаат зависи од видот на нивните „родителски“ матични клетки, а исто така и од нивната ниша. Некои истражувања покажаа дека прогениторните клетки се подвижни и дека овие прогениторни клетки може да се движат низ телото и да се селат кон ткивото каде што се потребни.[4] Многу својства ги споделуваат возрасните матични клетки и прогениторните клетки.
Прогениторните клетки станале средиште за истражување на неколку различни фронтови. Тековните истражувања за прогениторните клетки се насочувани на две различни примени: регенеративна медицина и биологија на рак. Истражувањето за регенеративната медицина е насочувана на прогениторните клетки и матичните клетки, бидејќи нивното стареење на клетките во голема мера придонесува за постапката на стареење.[5] Истражувањето за биологијата на ракот е насочено на влијанието на прогениторните клетки врз реакциите на ракот и начинот на кој овие клетки се врзуваат за имунолошкиот одговор.[6]
Природното стареење на клетките, наречено нивно клеточно стареење, е еден од главните придонесувачи за стареење на ниво на организам.[7] Постојат неколку различни идеи за причината зошто стареењето се случува на клеточно ниво. Се покажа дека должината на теломерите позитивно корелира со долговечноста.[8][9] Зголеменото кружење на прогениторните клетки во телото, исто така, има позитивна корелација со зголемената долговечност и регенеративните постапки.[10] Ендотелните прогениторни клетки се еден од главните фокуси на ова поле. Тие се вредни клетки бидејќи директно им претходат на ендотелните клетки, но имаат особини на матични клетки. Овие клетки можат да произведат диференцирани клетки за да го надополнат снабдувањето изгубено во природната постапка на стареење, што ги прави цел за истражување на терапијата за стареење.[11] Ова поле на регенеративна медицина и истражување за стареење сè уште во моментов е развивано.
Неодамнешните студии покажале дека хематопоетските прогениторни клетки придонесуваат за имунолошки реакции во телото. Било покажано дека тие реагираат на низа воспалителни цитокини. Тие, исто така, придонесуваат за борба против инфекции преку обезбедување на обновување на исцрпените ресурси предизвикани од стресот на инфекција на имунолошкиот систем. Воспалителни цитокини и други фактори ослободени за време на инфекции ќе ги активираат хематопоетските прогениторни клетки да бидат разликувани за да ги надополнат изгубените ресурси.[12]
Карактеризацијата или дефинирачкото начело на прогениторните клетки, со цел да бидат одделени од другите, се заснова на различните клеточни маркери, а не на нивниот морфолошки изглед.[13]
Пред ембрионалниот ден 40 (Е40), прогениторните клетки создаваат други прогениторни клетки; по тој период, прогениторните клетки произведуваат само различни ќерки на мезенхимални матични клетки. Клетките од една прогениторна клетка образуваат пролиферативна единица која создава една кортикална колона; овие колони содржат различни неврони со различни облици.[20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.