Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
B-клетки, исто така познати како B-лимфоцити, се тип на бели крвни клетки од поттипот на лимфоцити.[1] Тие се компонента на стекнатиот имунолошки систем.[1] B-клетките создаваат антитела, кои не ги секретираат. Наместо тоа, тие ги прикачуваат на клеточната мембрана како дел од B-клеточните рецептори.[2] Кога наивна или мемориска B-клетка е активирана од страна на антиген, таа пролиферира и се диференцира во секретирачка ефекторна клетка на антитела, позната како плазмабласт или плазма-клетка.[2] Дополнително, B-клетките презентираат антигени (тие се класифицирани како антиген-презентирачки клетки (APCs)) и секретираат цитокини.[1] Кај цицачите, B-клетките созреваат во коскената срцевина.[3] Kaj птиците, B-клетките созреваат во посебен орган, бурса на Фабрициус, лимфоиден орган во кој за прв пат биле откриени од страна на Чанг и Глик,[3] (од каде доаѓа нивното име - B од бурса).
B лимфоцит | |
---|---|
Трансмисиона електонска микрографија на хумана B клетка | |
Податоци | |
Систем | Имунолошки систем |
Назнаки | |
Латински | lymphocytus B |
FMA | FMA:62869 |
B-клетките, за разлика од другите две класи на лимфоцити, T-клетки и NK-клетки, вршат експресија на B-клеточни рецептори (BCRs) на нивната клеточна мембрана.[1] BCRs овозможуваат B-клетката да се врзе за специфичен антиген, против кого ќе иницира одговор.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.