Префектури на Грција
поранешна административна единица на Грција / From Wikipedia, the free encyclopedia
За време на административната поделба на Грција за време на Кралството Грција од 1833–1836, и повторно од 1845 до нивното укинување со законот Каликратис во 2010, префектурите (грчки: νομοί, ед. νομός) биле главните административни единици на државата. Тие се сега вон употреба, и се приближно заменети од страна на окрузите на Грција (наречени и регионални единици).
Република Грција |
Оваа статија е дел од темата: |
|
|
|
Грција се состои од 13 административни региони познати како Периферии на Грција, кои понатаму биле поделени на натпрефектури и 54 префектури (грчки: νομοί).
Според Уставот на Грција префектурите биле воглавно второстепена организација на локалната самоуправа. Сепак тие не биле хиерархиски супериорни во однос на заедниците и општините на Грција. По легислативните реформи од 1994 најголемиот дел од административните должности на префектурите им биле пренесени на перифериите. Сепак, тие сѐ уште имале одредени административни должности кои им се доделени од централната власт (санитарни комитети, служби за просторно планирање) и затоа тие се сметале за административни единици на централната власт.
Првите префектурални избори се одржале во 1994. Пред тоа, префектите биле назначувани од државата.