Пресека
село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Пресека — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.
Пресека | |
Поглед на Пресека | |
Координати 42°00′24″N 22°30′37″E | |
Регион | Источен |
Општина | Кочани |
Област | Осоговија |
Население | 22 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13033 |
Надм. вис. | 900-1.000 м |
Слава | Успение на Пресвета Богородица |
Пресека на општинската карта Атарот на Пресека во рамките на општината | |
Пресека на Ризницата |
Пресека се наоѓа во областа Осоговија. Се наоѓа лево од Оризарска Река, на пространо земјиште, и во правец југозапад-североисток е долго 10 км.[2] Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 900-1.000 н. Селскиот атар зафаќа површина од 25 км2. Од Кочани е оддалечено 23 км.[3]
Главните месности во селскиот атар се познати како: Црн(к)овец, Јаребар, Горница, Дамњанов Рид, Самоклепци, Црн Врв, Студен Дол, Јуручки Дол, Варадинци, Ваљавички Дол, Селиште, Старо Село и Цигански Гробишта. Селото е традиционално поделено на Горна и Долна Пресека. Тоа е најразбиеното село во оваа област и се состои од 13 маала коишто се доста оддалечени едно од друго. Тие се именувани по родовите кои живеат во нив и се познатки како: Старо Село, Селиште, Клинчарци, Јовевци, Лубеновци, Јуруците, Крлевци, Трговица, Ковачите, Гриовци, Шутевци, Врговци и Анџиовци. Во селото има бројни кладенци и чешми од кои селото се снабдувало со добра вода за пиење. Особено добра вода тече од двете чешми во маалото Старо Село и од чешмата во маалото Селиште.[2]
Не е познато кога било основано денешното село. Во него отсекогаш живеело македонско население. За многу родови не се знае дали се староседелци или доселеници. Во историски извор од 1300 година се споменува село по име „Пресека“, кое можеби се однесува на кочанското село.[2]
Месноста Селиште се наоѓа меѓу маалата Јовевци и Шутевци. Таму биле изградени првите куќи на некои денешни родови. Тие жители подоцна се преселиле на местото коешто денес е познато како Старо Село. Во Старо Село живееле околу 30 години, па потоа се распрснале и ги основале денешните издвоени маала. Раселувањето од Старо Село се случило во средината на XIX век.[2]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.075 ха, пасиштата се на површина од 336 ха, а на обработливото земјише отпаѓаат 310 ха.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пресека живееле 1.230 жители, од кои 1.200 Македонци и 30 Роми.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пресека имало 1.080 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.000 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Пресека живеат 68 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 13 Македонци и 9 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.230 | 1.080 | 939 | 1.163 | 961 | 739 | 399 | 159 | 160 | 68 | 22 |
Пресека е македонско село.
Родови во селото: Шутевци (33 к.), Јовевци (20 к.), Трговци (20 к.), Ковачи (15 к.), Крлевци (12 к.), Соколовци (11 к.), Љубеновци (10 к.), Врговци (9 к.), Гријовци (8 к.), Анџици (5 к.) и Селчани (4 к.) за кои не се знае дали се староседелски или доселеници со непозната старина; Јуруци (8 к.) кои се доселени од јуручкиот предел кај Радовиш.[2]
Пресека е едно од селото од коешто има најголемо иселеништво по 1912 година. Поради тоа, во него може да се забележат многу срушени куќи. Еден дел од нивите на иселениците ги обработуваат нивните роднини, а друг дел се напуштени и служат како пасишта. Иселениците главно се населиле во пониските села во Кочанската Котлина. Во Лески се преселиле домаќинства од родовите Соколови, Филипови, Николови, Димитрови, Јаневи, Сребренови и Стаменкови; во Мородвис заминале семејства на Доне, Мите, Благој, Саздо, Јане, Ефтим и Стојо; во Јакимово се иселиле семејства на Коле, Циме и Маринко; во Оризари отишле домаќинства од родот Чобанци, но и од други родови; во Истибања заминале Шутевци, Комарци, Апостолови, Калчини, Ќатибци, Стублици и Јурукови; во Виничка Кршла отишле Пресечани; во Црн Камен се иселиле Чачарци; во Грдовци заминале Пресечани; во Прибачево се населиле Димитрови и Миткови; во Долни Подлог отишле Шутевци; а неколку домаќинства се преселиле и во Мојанци, Калиманци и Градец.[2]
Во селото има две основни училиште во коишто повеќе не се одржува настава, а во минатото имало и полициска станица. Селото има две гробишта: едните се во маалото Крлевци, а другите меѓу маалата Јовевци и Шутевци.[2]
Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.
Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Оризари.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.
Во XIX век, Пресека било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Во селото постои избирачкото место бр. 902 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.