![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/73/RG-59.jpg/640px-RG-59.jpg&w=640&q=50)
Преносна средина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Медиум за пренос (множина медиуми за пренос) е материјална супстанца (цврста, течна, гас, или плазма) што може да пренесува енергетски бранови. На пример, медиумот за пренос на звук примен од страна на ушите е најчесто воздух, но цврстите материи и течности исто така може да делуваат како медиуми за пренос на звук.
![]() | Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Отсуството на материјален медиум во вакуум исто така може да претставува медиум на пренос за електромагнетни бранови како светлина и радио бранови. Додека материјална супстанца не е потребна за пренесување на електромагнетни бранови, таквите бранови обично се под влијание на медиумот на пренос низ којшто поминуваат, на пример со апсорпција или рефлекција или рефракција на интерфејси помеѓу медиумите.
Терминот медиум за пренос исто така се однесува и на технички уред кој користи материјална супстанца за пренесување или наведување на бранови. Така, оптички или бакарен кабел е медиум за пренос. Но, не само тоа. Техничкиот уред е во можност и да го води (наведува) преносот низ мрежата.
Медиумот за пренос може да биде класифициран како:
- Линеарен медиум, ако различни бранови во било која одредена точка во медиумот можат да бидат суперпонирани;
- Ограничен медиум, ако е ограничен во мерката, инаку се класифицира како неограничен медиум;
- Унифициран медиум или хомоген медиум, ако неговите физички својства не се променети на различни точки;
- Изотропрен медиум, ако неговите физички својства се исти во различни насоки.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/73/RG-59.jpg/640px-RG-59.jpg)
Електромагнетно зрачење може да се пренесе преку оптички медиуми, како оптичко влакно, или преку усучени парици, коаксијален кабел, или диелектрични брановоди. Исто така може да помине низ било кој физички материјал кој е птоѕирен за специфична бранова должина, како вода, воздух, стакло, или бетон. Звукот, по дефиниција е, треперење на материите, па затоа и побарува физички медиум за пренос. Историски гледано, науката инкорпорирала различни теории за етерот за да се објасни преносот на медиум. Сепак, сега е познато дека електромагнетните бранови не побаруваат физички медиум за пренос, и можат да патуваат низ "вакуумот" на слободниот простор.
Преносот и приемот да податоци се врши во четири чекори.
- Податоците се кодирани како бинарни броеви на крајот кај испраќачот
- Преносниот сигнал е модулиран како што е наведено од страна на бинарното претставување на податоците
- На крајот каде што се прима, сигналот што доаѓа е демодулиран во соодветните бинарни броеви
- Декодирањето на бинарните броеви се врши [1]