![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/13/F%25C3%25A9nyt%25C3%25B6r%25C3%25A9s.jpg/640px-F%25C3%25A9nyt%25C3%25B6r%25C3%25A9s.jpg&w=640&q=50)
Прекршување (физика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прекршување или рефракција — промена на насоката на ширење на бран при неговото преминување од една во друга преносна материјална средина. Ваквиот феномен се објаснува со помош на законите за запазување на енергијата и импулсот. Поради менување на материјалната средина низ која се шири бранот, неговата фазна брзина се менуваа соодветно на средината, но честотата останува иста. Појавата може да се воочи кога бранот зафаќа агол различен од 0° со нормалата на граничната линија меѓу двете различни средини. Најчесто забележана појава е прекршувањето на светлината. Но, сите видови бранови подлежат на прекршување при премин од една во друга средина - звучните бранови, брановите во водата при премин во област со поголема длабочина итн. Прекршувањето е опишано со Снеловиот закон за прекршување: При прекршување на брановите упадниот зрак, нормалата и зракот на прекршениот бран лежат во иста рамнина. Односот на синусот на упадниот агол θ1 и синусот аголот на прекршување θ2 е еднаков на односот на брзините на ширењето на бранот во средината во која бранот упаѓа и брзината на средината во која се прекршува (v1 / v2). Овој однос е наречен релативен показател на прекршување на средината 2 во однос на средината 1 (n21 = n2 / n1):
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/13/F%C3%A9nyt%C3%B6r%C3%A9s.jpg/640px-F%C3%A9nyt%C3%B6r%C3%A9s.jpg)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f1/R-DSC00449-WMC.jpg/640px-R-DSC00449-WMC.jpg)
Упадниот бран, всушност, делумно се прекршува, а делумно се одбива (тоа го објаснуваат Френеловите равенки).