Предење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Предење[1][2] — постапка на производство на текстилни предива од различни суровини. Оваа постапка може да се прави рачно, со помош на вретено или родан. Со индустриската револуција, предењето се правело во делови од фабриките викани предилници. Важноста на предењето во општествата засновани на занаетчиство, од антиката до денес, значи дека оваа активност редовно се појавува во религиозните верувања, митовите, приказните и преданијата, како и во уметничките дела на многу култури.