Праја
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Праја (португалски: Praia, „плажа“) е главниот и најголемиот град во Зелениот ’Рт.[1] Градот се наоѓа на јужниот брег на островот Сантјаго. Праја е административен центар на истоимената општина. Праја е економски, политички и културен центар на Зелениот ’Рт.
Праја | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
главен град | ||||||||
Од горе на десно: Поглед кон Монте Вермелјо, Градско собрание на Праја, Споменик на Диого Гомес, птичји перспектива на Праја, Финдасао Амилсар, Палатата на културата | ||||||||
Остров | Сантјаго | |||||||
Општина | Праја | |||||||
Цивилна парохија | Носа Сењора да Граса | |||||||
Основан | 16 век | |||||||
Град | 1858 | |||||||
Површина | ||||||||
• Вкупна | 102,6 км2 (396 ми2) | |||||||
Население (проц. 2017) | ||||||||
• Вкупно | 159.050 | |||||||
• Густина | 160/км2 (400/ми2) | |||||||
Час. појас | CVT |
Праја се наоѓа на висорамнинско место, поточно вулкански висорманскински платоа. Сите овие висорамнини имаат свои имиња, а централната висорманина во Праја се нарекува „Плато“. Урбаниот дел на градот воглавно се наоѓа на овие платоа и околните долинчиња.
Долг период само централното „Плато“ се сметало како Праја. Другите висорамнински населени места биле сметани за околни населби или предградија. Поради тоа, денес централниот дел се издвојува во поглед на урбанизацијата. По независноста централното Плато административно се споил со околните населби и се добил денешниот облик на Праја. Урбанизацијата веднаш започнала во населбите и продолжила северно во градот.
Праја има пустинска клима со кратки дождливи сезони и долги сушни периоди.Освен од август до октомври речиси и да нема дождови. Годишно просечно има 210 милимегтри врнежи.
Климатски податоци за Праја | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 31.9 (89.4) |
33.1 (91.6) |
34.2 (93.6) |
33.4 (92.1) |
33.3 (91.9) |
34.1 (93.4) |
32.5 (90.5) |
33.1 (91.6) |
36.2 (97.2) |
34.8 (94.6) |
33.0 (91.4) |
31.0 (87.8) |
36.2 (97.2) |
Прос. висока °C (°F) | 24.8 (76.6) |
25.0 (77) |
26.1 (79) |
26.4 (79.5) |
27.1 (80.8) |
27.9 (82.2) |
28.0 (82.4) |
28.6 (83.5) |
29.7 (85.5) |
29.2 (84.6) |
28.0 (82.4) |
25.6 (78.1) |
27.2 (81) |
Сред. дневна °C (°F) | 22.4 (72.3) |
22.2 (72) |
22.9 (73.2) |
23.4 (74.1) |
24.0 (75.2) |
24.9 (76.8) |
25.4 (77.7) |
26.2 (79.2) |
26.8 (80.2) |
26.4 (79.5) |
25.4 (77.7) |
23.4 (74.1) |
24.4 (75.9) |
Прос. ниска °C (°F) | 20.0 (68) |
19.4 (66.9) |
19.7 (67.5) |
20.3 (68.5) |
21.0 (69.8) |
21.9 (71.4) |
22.9 (73.2) |
23.8 (74.8) |
24.0 (75.2) |
23.6 (74.5) |
22.7 (72.9) |
21.3 (70.3) |
21.7 (71.1) |
Најниска забележана °C (°F) | 16.9 (62.4) |
16.2 (61.2) |
16.5 (61.7) |
17.0 (62.6) |
18.8 (65.8) |
19.2 (66.6) |
20.3 (68.5) |
20.6 (69.1) |
19.6 (67.3) |
19.6 (67.3) |
19.5 (67.1) |
17.3 (63.1) |
16.2 (61.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 2 (0.08) |
2 (0.08) |
0.5 (0.02) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
8 (0.31) |
45 (1.77) |
105 (4.13) |
58 (2.28) |
30 (1.18) |
10 (0.39) |
260 (10.24) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 7 | 7 | 4 | 2 | 1 | 24 |
Прос. релативна влажност (%) | 64 | 62 | 59 | 63 | 65 | 67 | 72 | 74 | 76 | 73 | 68 | 67 | 68 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 223.2 | 234.5 | 279.0 | 285.0 | 306.9 | 279.0 | 217.0 | 201.5 | 216.0 | 244.9 | 234.0 | 204.6 | 2.925,6 |
Сред. бр. сончеви часови дневно | 7.2 | 8.3 | 9.0 | 9.5 | 9.9 | 9.3 | 7.0 | 6.5 | 7.2 | 7.9 | 7.8 | 6.6 | 8.0 |
Извор: Deutscher Wetterdienst[2] |
Според националната статистичка агенција, градот имал население од 159.050 жители во јули 2017 година. За споредба, во средината на 19 век Праја имала население од 1500 до 2000 жители.
Население на Праја (1990–2017)[3] | |||
---|---|---|---|
1990 | 2000 | 2010 | 2017 |
61,644 | 94,161 | 130,271 | 159,050 |
Праја е комерцијален центар и пристаниште на кое се тргува со кафе, шеќерна трска и тропски овошја. Во овој град е развиена и рибната индустрија. Во близина има неколку плажи.
Праја е збратимен со:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.