Прасето Пепа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прасето Пепа — британска детска анимирана серија од Астли Бејкер Дејвис. Главен лик во серијата е Пепа, антропоморфна женка прасе заедно со нејзиното семејство и другари. За првпат, серијата започнала да се прикажува на 31 мај 2004 година. Седмата сезона започнала да се прикажува на 5 март 2021 година. Прасето Пепа се прикажала во над 180 земји.[1]
Гласот на Пепа низ сезоните бил претставуван од неколку различни глумици. Лили Сноуден-Фајн го обезбедила својот глас во првата сезона, Сесили Блум во втората, потоа кога Харли Берд, на 5 годишна воздраст ја доби улогата на Пепа се повлекла по шестата сезона.[2] Потоа таа била заменета со Амели Беа Смит, па со Џон Спаркс, Морвена Бенкс, Ричард Рајдингс, Оливер Меј и Алис Меј.
На 16 март 2021 година, била објавено дека серијата е обновена до 2027 година.