Женски права
From Wikipedia, the free encyclopedia
Женски права — права и овластувања кои ги бараат жените и девојките низ светот и кои ја поставиле основата на движењето за женски права во 19 век, како и на феминистичкото движење во 20 век. Во некои земји, овие права се установени или поддржани со закон, локални обичаи и однесување, додека во други се занемарувани и ограничувани. Овие права се разликуваат од општото поимање за човекови права преку барања предизвикани од историска и традиционална пристрасност кон мажите и момчињата наспроти жените и девојките.[1]
Темите кои обично се поврзуваат со поимањето на женските права ги вклучуваат телесен интегритет и автономија, сексуалното насилство, правото на глас на жените, правото за вршење на јавни функции, склучувањето на правни договори, обезбедувањето еднакви права во семејството, правото за работа, еднаквоста на платите, размножувањето, правото на сопственост и образованието.[2]