Право на глас на жените
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поимот право на глас на жените се однесува на економското и политичкото движење на реформите, со цел да се достигне правото на глас. Модерното движење започнало во Франција во XVIII век од независни и уште постоечки земји. Нов Зеланд беше првата земја, каде жените го добија правото на глас во 1893 година. Меѓутоа, кога тоа се случи Нов Зеланд не беше „држава“ во смисла на независна национална држава, туку повеќе самоуправна колонија. Место со сличен статус, кои на жените им го дадоа правото на глас пред Нов Зеланд беше територијата на Вајоминг (1869). Други можни земји, кои се сметаат за првични земји, што им дале право на глас на жените се Република Корзика, островот на Ман (1881), Островите на Питкерн, Франсвил и Таволара, но нивното постоење како независни држави беше кратко и некои од нив не се сметаа за вистински независни земји. Првата земја на независни нации, која го овозможи правото на глас на жените е Шведска, каде на некои жени дури им беше дозволено да гласаат и за време во ерата на слободата (1718-1771), иако овие права не се однесуваа на сите жени.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Правата на гласање на жените беа воведени во меѓународното право во 1948г., кога ОН ја усвои Универзална декларација за човековите права.
Правото на глас на жените исто така е наведено во Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените , која беше усвоена од Обединетите Нации во 1979 г.