Појадок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Појадокот е првиот оброк во денот, кој се конзумира наутро. Што точно вклучува еден појадок зависи од различните култури низ целиот свет. Но, најчесто вклучува житарки или ориз, овошје, а многу поретко зеленчук, белковински и млечни производи и пијалаци.
Овие статии се дел од темата oброци |
Општопознати оброци... |
Појадок • Појчек (Бранч) • Mал ручек Чај • Ручек • Вечера |
Останати оброци... |
Втор појадок |
Илевенсез |
Тифин |
Десерт |
Ужина |
Поврзано... |
Кујна | Кујни |
Појадокот се состои од поедноставна храна, односно храна која полесно ќе биде дигестирана, но сепак ќе ги содржи потребните енергетски состојки. Храната треба да содржи белковини, јаглехидрати, витамин А и витамин D, како и умерени количества на калциум и железо. Споменатите состојки служат како главни извори на енергија, и придонесуваат за нормален раст и обновување на ткивата.[1][2]
Појадокот освен што го снабуда телото со енергетски и хранливи состојки, истражувања покажуваат дека помага за одржување здрава тежина, ја зголемува концентрацијата и го подобрува помнењето.[3][4] Кај одредени делови од светот, кафето и чајот се неизоставни делови од појадокот, за кои исто така е докажано дека покрај недостатоците, кафето и особено зелениот чај служат како антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот за заболувања.[2]