From Wikipedia, the free encyclopedia
Обична потполошка или обична препелица или обична прлица (науч. Coturnix coturnix) — птица од родот потполошки (Coturnix) потсемејството на еребиците (Perdicinae) во склоп на семејството на фазаните.
Обична потполошка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Фазани |
Потсемејство: | Еребици |
Род: | Потполошки |
Вид: | Обична потполошка |
Научен назив | |
Coturnix coturnix (Linnaeus, 1758) | |
Откога ќе достигнат старост од 6-8 недели, овие видови потполошки се коти на отворена обработлива земја и пасишта ширум сета Европа и Азија, со тоа што положуваат по 6-18 јајца на гнездо на земја. На јајцата им требаат 16-18 дена за да се испилат. Ова е мошне преселничка птица за разлика од речиси сите ловни птици, и презимува во Африка. Ја има и во Македонија.
Ова е мала (17 см) заоблена птица, со кафени пруги и бела надочна линија, и, кај мажјаците, црна брада. Како што прилега на птица-преселница, потполошката има долги крила, за разлика од типично краткокрилите ловни птици.
Ова е земски вид, кој се храни со семиња и инсекти на земјата. Птицата е тешка да се забележи, бидејќи се крие по зеленилото, и се колеба да лета, туку претпочита да ползи. Дури и кога е истерана, потполошката се држи ниско и наскоро потоа се враќа на криење. Често единствениот показател за нејзиното присуство е специфичната повторлива песна на мажјакот. Овие извици ги испушта наутро, навечер и понекогаш ноќе.
Потполошката во големи броеви се лови како дивеч на преминување низ Средоземјето.
Во последни години овој вид бележи пораст на размножувањето во САД и Европа, меѓутоа ова е присутно кај птичарите-аматери.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.